– Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа денеска ги негираше тврдењата на Иран дека Вашингтон и Техеран постигнале договор за размена на затвореници.
„За жал, иранските претставници објавуваат измислици“, се вели во соопштението.
Според соопштението на Белата куќа, ова тврдење на Иран само ќе ја продлабочи болката на семејствата на Сијамак Намази, Емад Шарги и Морад Тахбаз, американско-ирански државјани приведени во Иран.
Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан изјави претходно денеска дека Иран и САД постигнале договор за размена на затвореници и додаде дека се надева оти размената ќе се случи наскоро.