САД нудат цело богатство како награда за информации за финансиери на Хамас

САД нудат десет милиони долари за информации за пет спонзори на Хамас или нешто што би довело до попречување на финансиските механизми на палестинската милитантна група, соопшти денеска Стејт Департментот.

Објавата доаѓа откако четири пакети американски санкции беа наметнати на Хамас.

Петте лица кои се сметаат за финансиери на Хамас се Абелбасит Хамза Елхасан Хер, Амер Камал Шариф Алшава, Ахмед Саду Џадала и Мухамед Ахмад Абд ал Даџим Насрала, кои претходно беа означени како терористи во САД.

Првиот финансиер, познат како Хамза, е од Судан и учествувал во управувањето со бројни компании на Хамас и учествувал во трансферот на 20 милиони долари на милитантната група, додаде американскиот Стејт Департмент. Се додава дека тој е поврзан со суданскиот претседател Омар Башир и исламските групи кои го дестабилизираат Судан.

Алшава, Јалеб и Џадала се дел од инвестициската мрежа на Хамас во Турција, наведува Стејт Департментот.

Мухамед Ахмад Абд ал Даџим Насрала има блиски врски со ирански правни лица и бил вклучен во испраќање десетици милиони долари на Хамас, вклучувајќи го и неговото воено крило. Одделот посочува дека тој бил во Катар во октомври.