САД организираа состанок на нуклеарните сили во Каиро

 – САД свикаа состанок овој месец на кој учествуваа експерти од Кина, Русија, Франција и Велика Британија за да разговараат за нуклеарното оружје, вклучувајќи го и намалувањето на поврзаниот стратешки ризик, соопшти денеска американскиот Стејт департмент.

Во соопштението се додава дека Вашингтон бил домаќин на состанокот од 13 до 14 јуни во Каиро, на кој присуствувале претставници на петте земји со нуклеарно оружје, опишувајќи го состанокот како „тековна размена во контекст на Договорот за нуклеарно неширење“.

Тие експерти се од релевантните министерства за надворешни работи за одбрана на земјите, а разговорот бил воден на тема „стратешко намалување на ризикот, како и за нуклеарни доктрини и политики“.