САД веројатно распоредија дополнително нуклеарно оружје во Велика Британија за прв пат од 2008 година, испраќајќи сигнал до рускиот лидер Владимир Путин за нивната посветеност на европската безбедност.
Според странските медиуми, објавува „Телеграф“, на 16 јули, американски воен транспортен авион Ц-17 со вклучен транспондер, што овозможува следење, полетал од американското нуклеарно складиште во воздухопловната база Киртланд во Албукерке, Ново Мексико, до воздухопловната база во градот Лејкенхит на британското кралско воздухопловство.
Претходно, овој авион леташе над територијата на САД само како дел од Примарните сили за нуклеарен воздушен транспорт (PNAF), кои се одговорни за воздушен транспорт на компоненти на нуклеарно оружје, вклучително и нуклеарни боеви глави.
Велика Британија е една од петте нуклеарни сили според Договорот за неширење на нуклеарно оружје.
Арсеналот на земјата се состои од приближно 225 нуклеарни боеви глави, од кои околу 120 се наоѓаат на подморници од класата Вангард.
Во 2008 година, САД го повлекоа своето тактичко нуклеарно оружје од воздухопловната база Лејкенхит, каде што беа складирани воздушни бомби Б61 дизајнирани за борбени авиони.
Да потсетиме дека Трамп имаше средба со премиерот Кир Стармер во неговиот голф клуб „Тарнбери“ во Шкотска за време на неговата посета на Обединетото Кралство во понеделник.