САД СЕ ЗАГРИЖЕНИ !? “Контра-офанзивата оди побавно од очекуваното“ – висок американски генерал за прв пат потврди: “Ќе биде многу, многу крваво!“
Началникот на Здружениот Генералштаб на американската Армија, Марк Мили, доцна во ноќта изјави дека украинската контраофанзива е побавна од очекуваното, а според него ќе трае уште неколку недели и ќе биде „многу крвава“.
„Дали е побавно отколку што предвидуваа компјутерските пресметки или различни луѓе – да. Реков дека ќе бидат потребни шест до десет недели, ќе биде многу тешко, многу долго и многу, многу крваво. Никој овде не треба да има илузии“, нагласил во својата изјава Марк Мили.
„Тоа што се одвива побавно од предвиденото, воопшто не ме изненадува“, додал Марк Мили и истакнал дека – „војната на хартија и на теренот се различни работи“.
Одговарајќи на прашањето што, од гледна точка на САД, би претставувало победа за Украина, Марк Мили не ги кажал конкретните цели што ги „сака“ Западот.
„Претседателот на САД, државниот секретар, секретарот за одбрана и генералниот секретар на НАТО го кажуваат истото. Украина стана слободна, суверена и независна земја во 1991 година, а победата ќе биде да остане слободна, независна и суверена земја со целата нејзина територија“, вели тој.
Марк Мили изјави дека одлуката за тоа дали САД ќе и достават на Украина касетна муниција, оперативно-тактички ракетни системи ATACMS или ловци F-16 ќе ја донесе претседателот Џо Бајден.
„Тоа прашање постојано се разгледува, тој процес е во тек, а конечната одлука ќе ја донесе претседателот“, заклучува Марк Мили.