САД ќе обезбедат 85 милиони долари хуманитарна помош за погодените од земјотресот во Турција и Сирија

– САД ќе обезбедат 85 милиони долари хуманитарна помош за погодените од разорниот земјотрес во Турција и Сирија.

– Ова ново финансирање ги поддржува хуманитарните партнери на УСАИД да ја испорачаат итно потребната помош за милиони луѓе во Турција и во Сирија, соопшти американската Агенција за меѓународен развој во соопштение.

Помошта вклучува храна и засолниште за бегалците и оние кои се раселени, како и зимски резерви за помош на луѓето на многу ниски температури, поддршка за траума, чиста вода за пиење и помош за санитарни услови.

УСАИД распореди тим за одговор при катастрофи, кој е составен од 200 луѓе и 12 кучиња и работи вон градовите Адијаман, Адана и Анкара.