Во извештајот на Институтот ADP и Лабораторијата за дигитална економија на Стенфорд се наведува дека очекувањата на пазарот се движат околу 200.000 нови работни места.
Во приватниот сектор во Соединетите Американски Држави во февруари се вработени 242.000 луѓе, што ги надмина очекувањата, јавува Анадолија.
Во извештајот на Институтот ADP и Лабораторијата за дигитална економија Стенфорд се наведува дека очекувањата на пазарот се движат околу 200.000 нови работни места.
Американскиот приватен сектор забележа речиси 119.000 нови работни места во јануари.
„Во моментов гледаме силно вработување, што секако е добро за економијата и за работниците“, рече економистот на Институтот АДП, Нела Ричардсон.
Сепак, таа додаде дека стапката на инфлација во САД веројатно нема брзо да се намали.
Средните и големите претпријатија забележале 148.000, односно 160.000 нови работни места, додека малите претпријатија имале загуба од околу 61.000 вработени.