Американскиот претседател Џо Бајден му кажа на радио водителот Хауард Стерн за мрачните времиња кога неговата прва сопруга и ќерка загинале во сообраќајна несреќа, а тој откри и како размислувал и за самоубиство.
Имено, Бајден за време на неговата посета на Њујорк и даде изненадувачко интервју на познат радио водител.
Во едно интервју, тој зборуваше за својот очај поради смртта на неговата сопруга Нели и нивната 13-месечна ќерка Наоми во декември 1972 година.
– Не пијам. Тоа не е доблест, но никогаш не сум бил многу пијач. Постојано пиевме алкохолни пијалоци во куќата… Сакав само да пијам и да се напијам, но не можев да се натерам да го направам тоа. Не треба да си луд за да се самоубиеш. Откако си бил на врвот на планина, мислиш дека никогаш повеќе нема да бидеш таму, така се чувствував.
И само за малку, мислев дека можеби еден ден ќе отидам до Меморијалниот мост во Делавер и ќе скокнам, но имав две деца и тоа ме спречи“, рекол тој во интервју во живо на радио кое ги изненади слушателите.
Иако даде неколку интервјуа откако ја презеде функцијата претседател, ова појавување не влезе во неговиот јавен распоред, пишува „Дејли мејл“.
Тој ја помина четвртокот вечерта во Њујорк во домот на актерот Мајкл Даглас, а потоа, пред да одлета назад во Белата куќа, застана во студиото на Менхетен за да разговара со легендарниот радио водител Сириус XM. Исто така, за време на интервјуто откри и некои новости – рече дека „би бил среќен да се сретне со Трамп на дебата“.