,,Сакав сите да се плашат од мене и да ме третираат како психопат!” – Откриени детали од судењето: Убиецот тврди дека убиствата на 3 мај немаше да се случат ако не беше ова

Момчето убиец, кое на 3 мај минатата година уби девет врсници и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, денеска сведочејќи во постапката против неговите родители, според неофицијални информации, изјавил дека сакал другите деца да се плашат од него и да го гледаат како психопат.

Како што пишува српскиот портал Курир, момчето убиецот изјавило дека масакрот го подготвувал неколку недели а на 1 мај во ранецот ги ставил пиштолите на татко му.

– Одговарајќи на прашањата изјави дека се чувствува неприфатен од своите врсници, како и дека е можно да сака да предизвика страв кај нив – вели изворот на Курир.

ksota.jpg

Тој се сеќава дека кога повикал полиција по масакрот во училиштето, рекол дека пукал во другарите, а на прашањето зошто го направил тоа, одговорил „Јас сум психопат“.

– И на распитот на прашањето дали некогаш некој му рекол дека е психопат, тој одговори дека е татко му така го нарекувал – додава соговорникот на српакиот портал Курир.

Според неговите зборови, момчето изјавило и дека неговите родители постојано му вршеле притисок да биде најдобар, но и дека 3 мај сигурно никогаш немало да се случи доколку татко му немал оружје и не го носел да пука со него на стрелиште .

Да потсетиме, на Владимир Кечмановиќ му се суди за тешко кривично дело против општата безбедност, односно затоа што оружјето му го направил лесно достапно на синот, како и затоа што го носел на стрелиште и го научил да пука. Инаку, момчето убиец на 3 мај минатата година со пиштолот на својот татко уби деветмина свои другари и чуварот на училиштето „Владислав Рибник“ во кое и самиот учеше. Тој денеска беше донесен од психијатриската установа во која е од 3 мај 2023 година во Специјалниот суд за да сведочи во судската постапка против неговиот татко Владимир и мајката Миљана Кецмановиќ.

Миљана Кецмановиќ се товари затоа што на чаура пронајдена во училницата по масакрот и’ била пронајдена ДНК, а по денешното рочиште таа во придружба на адвокат ја напушти зградата на Специјалниот суд.