Сакала колкови како Ким Кардашијан – по естетската интервенција, Џина Џиновиќ се покаја

Ѓина Џиновиќ направи естетска интервенција за да го промени изгледот на колковите, но горко се покаја за тоа.

Џина, ќерката на Харис Џиновиќ,  има 20 години и направила многу промени кај себе. Откако ослабе многу , Ѓина Џиновиќ одлучи да ги „поправи“ колковите, каде што имаше „вдлабнатини“.

По борбата со вишокот килограми, по која, како што вели самата, станала друга личност , ќерката на легендарниот пејач сакала да го доведе својот изглед до совршенство, но не испаднало како што очекувала. Иако многумина ја советуваа дека е сè уште млада за да прави корекции, Џина го направи тоа на свој начин.

Џина еднаш на својот Инстаграм раскажа како инјектирала три милилитри хијалуронска киселина за усните да изгледаат поубави и пополни, но набрзо призна дека претерала и дека не е задоволна од интервенцијата .

Таа го наполни и пределот околу колковите со хијалуронски филери, но не е задоволна од крајниот резултат, па сега одлучи да се посвети исклучиво на здрава исхрана и тренинг.

Да ве потсетиме, Ѓина Џиновиќ неодамна шокираше кога призна дека е блам на сопствениот татко, Харис Џиновиќ .