Начинот на живот во Југоисточна Азија нуди едноставни, но моќни навики кои можат да придонесат за долговечност и виталност. Од исхраната до релаксацијата, секојдневните ритуали на луѓето од овие региони покажуваат како да се живее побавен, повнимателен и поздрав живот.
Лекарот д-р Мајкл Хантер, образован на Харвард и Јеил, открил нова перспектива додека патувал низ Сингапур, Пенанг, островот Гаја, Кучинг и Куала Лумпур. Она што најмногу го променило не биле знаменитостите или храната, туку начинот на кој луѓето живееле: како се движеле, забавувале, се собирале, ги ценеле своите постари лица и како старееле. Тој сподели неколку навики од Југоисточна Азија што можеме да ги практикуваме „ако сакаме да изгледаме и да се чувствуваме помлади“.
1. Јадете додека не се наситите за 80%
Во Пенанг, оброците биле скромни, друштвени и опуштени, тврди докторот.
„Никој не прејадувал, а прашањето секогаш било: дали ми треба овој залак или само барам утеха што ја носи?“, објасни тој за YourTango.
2. Утрата се свети
„На островот Гаја, луѓето го започнуваа денот со таи чи, прошетки покрај морето или кафе со семејството без телефони. Оваа бавност го менува текот на денот, правејќи го посвесен и помирен“, истакнува д-р Хантер.
3. Пешачете подолго растојание (дури и на дожд)
Докторот истакнува дека постарите лица во Пенанг многу често ги избираат скалите наместо лифтот, додека во Сингапур луѓето продолжуваат да одат дури и на дожд.
,,Пораката е јасна: долговечноста започнува со одење и никогаш не е предоцна да го реинтегрирате во вашата дневна рутина“, вели д-р Хантер.
4. Сфатете го вашиот одмор сериозно
„Во Малезија, продавниците порано затвораа напладне, а во Кучинг, хамаците за спиење и одмор беа секојдневна појава. Одморот не значеше мрзеливост, туку ритам на животот што ја одржуваше рамнотежата на телото и умот“, забележува докторот.
Значи, д-р Хантер не се врати со сувенири, туку со нови навики. „Овие ритуали не се совети за патување, туку мали „противотровни лекови против стареење“ што можат да го продолжат животот на начините што се најважни“, заклучи докторот.