“САКАШЕ ДА МЕ УНИШТИ!“ – Поранешната сопруга на Борис Бекер си ја отвори душата: “Спиев на клупа, тој е нарцисоиден егоист…“
Поранешната холандска манекенка Шарли ‘Лили’ Бекер (47 г.) проговори за својата бурна врска со Борис Бекер (55 г.) и тврди дека шесткратниот победник на Грен Слем-овите сакал да ја уништи.
Посрамената тениска легенда е во немилост откако минатата година беше затворен во Велика Британија поради криење на имот во вредност од 2,5 милиони фунти, а потоа прогласи банкрот. Борис Бекер неодамна се врати во Германија откако беше предвремено ослободен од затвор и тврди дека се сменил и „средил“.
Mеѓутоа, неговата втора сопруга, чие моминско презиме е Керсенберг, со која беше во брак девет години од 2009 до 2018 година и со која го има синот Амадеус (13 г.), сега изнесе нови критики за пензионираниот шампион во шокантно интервју во германскиот весник Bild.
Во интервју за Bild, таа го опиша како „нарцисоиден егоист“, тврдејќи дека за време на нивната врска тој постојано бил неверен.
„Го оставив во 2018 година и никогаш нема да ми прости. Оттогаш сака да ме уништи“, изјавила Лили и објаснила како немала ниту цент со себе и не знаела што да прави.
„Првата ноќ ја поминавме на клупа во кафуле“, тврди таа.
Документарниот филм од два дела на ITVX насловен „Борис Бекер: Подемот и падот“, чија премиера е на 13. јули, се вели дека е инсајдерска приказна за животот на поранешната тениска ѕвезда, а ќе бидат прикажани многу негови пријатели и поранешни тренери.
Прилика да застане пред камерата добила и Лили Бекер, а се присетила на една непријатна случка од 2008 година кога дознала дека Борис Бекер, со кој раскинала кратко пред тоа, е свршен со друга жена, Алесандра Мајер Волден.
Кога го слушнала тоа, проучила која е вереницата и сфатила дека жената е помлада од неа и многу убава.
„Тоа беше поразително. Никогаш не сум се чувствувала толку грдо, старо и непожелно“, изјавила поранешната госпоѓа Бекер. Потоа решила да оди на Ибица и да се обиде да го заборави Борис Бекер.
„Ја пробав секоја печурка, секој алкохол, секоја дрога на Ибица. Не можев да се напијам доволно за да го заборавам“, признала таа.
Кога веридбата на тенисерот со Мајер-Волден пропаднала, Лили и тој се помириле и се венчаа во 2009 година.
Таа во интервју за Bild изјави дека знае оти Борис Бекер се плаши дека не може да влијае на содржината на документарецот.
„Навикнат е да може да управува и манипулира со другите. Но, нема да му дозволам да ме замолчи, дури и ако повторно дојде по мене со неговите адвокати“, објаснила таа и додала: „Го оставив бидејќи повеќе не можев да ги поднесам неговите лаги и лошиот карактер. Не добив одговори на моите прашања… Само веќе не се однесуваше добро со мене“.