Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах постигна гол на натпреварот со Арсенал од 18. коло од Премиер лигата. Во 29. минута тој израмни резултатот. Ова е негов 10-ти гол против лондонскиот клуб во историјата.
Тој е единствениот играч во историјата на лигата кој постигнал 10+ голови против Арсенал, Манчестер сити (11) и Манчестер јунајтед.
Салах се запиша и во листата на 10 најдобри стрелци во Премиер лигата, престигнувајќи го Мајкл Овен, кој кариерата ја заврши со 150 голови.
Триесет и едногодишниот Египќанец има постигнато 151 гол во англиското првенство.
На 17 декември беше објавено дека Салах ќе стане главна трансфер цел на клубовите од Саудиска Арабија во летото 2024 година.