Салиу: Не сум нападнал полиција и делото за кое сум обвинет не е точно

Новинарот кој беше уапсен од Специјалната единица на Македонија, Фуркан Салиу, реагираше со текст на страницата на неговиот портал на Фејсбук, Порталикс, во кој вели дека е обвинет за кривично дело што не го сторил, информира Телеграфи Македонија.

Во продолжение написот објавен на PortaliX во име на Салиу.

“Здраво,

Фуркан Салиу новинар.

Од објективни причини не можам да пишувам во мојот личен профил. Во моментов сум задржан во полициската станица во Автокоманда.

Жал ми е што со моето однесување можеби влијаев ситуацијата да ескалира за да завршам со лисици. Жал ми е дури и ако ве разочарав што верувавте во мојата работа. Ве уверувам дека јас не ја нападнав полицијата.

Иако се беше снимено, полицијата ги избриша материјалите во полициската станица.

Што се однесува до пиштолот што беше пронајден во мојот автомобил… Пиштолот е со дозвола и пронајден во мојот автомобил. За време на моето апсење, телефонот и клучевите ми испаднаа од џебот и ги зеде снимателот.

Без судски налог и без јас да бидам присутен како сопственик на автомобилот, тоа беше проверено од специјалната единица.

Делото за кое се товарам, напад врз полицаец, не држи вода и никогаш не може да се докаже. Ви благодарам за поддршката и се надевам дека ќе се видиме наскоро“ (sic) пишува Салиу.

За неговото апсење реагираа Здружението на новинари, претседателските кандидати Арбен Таравари и Бујар Османи, голем број граѓани на социјалните мрежи. Според полицијата, Салиу ја нападнал и ја попречувал полицијата во извршувањето на нивните работни задачи.