Поранешниот министер за здравство Беким Сали вели дека за време на неговиот мандат побарал финансиска ревизија на работењето на Клиниката за онкологија и побарал оставка од медицинскиот директор бидејќи забележано било зголемување на долгот на клиниката кон добавувачот на новата терапија.
-Имавме забелешка во делот на менаџирањето со биолошката терапија од периодот кога беше внесена како иновативна терапија за онколошките пациенти. Клиниката почна да го зголемува долгот кон добавувачите на лековите и во неколку наврати побаравме да се најде решение на кои пациенти им се препишува таа терапија. Знаејќи дека овој вид терапија се администрира во пет клиники, најголемите проблеми ги имавме на Онкологија. Бидејќи не добивме никакво решение од медицинскиот директор побаравме да се изврши ревизија на работењето во делот на финансиското работење од страна на ФЗОМ и побарав оставка од медицинскиот директор, посочува Сали.