Салма Хајек откри како е можно да имаш 56 години и да немаш БРЧКИ: “Не е ботокс, оваа МАГИЧНА СОСТОЈКА е чудо за кожата. Кога им покажав на научниците – беа шокирани”

Актерката Салма Хаек (56) еднаш откри дека нејзината „тајна состојка“ е заслужна за нејзиниот младешки и беспрекорен изглед.

„Јас користам екстракт од кората на дрвото tepezcohuita (mimosa tenuiflora), кое се користи во Мексико за лекување на изгореници бидејќи целосно ја обновува кожата. Никој не го користи во САД“, изјави таа за списанието Elle.

Таа додала дека го донела во лабораторија во Америка и дека истражувачите биле изненадени од позитивните резултати.

„Се чудеа како е можно никој да не го користи. Благодарение на овој екстракт, немам потреба од ботокс или филери“, вели Салма Хајек.

Секако, Салма секогаш воодушевува со фотографии од црвениот тепих каде изгледа совршено. Нејзините обожаватели и велат дека е речиси невозможно да се поверува дека има 56 години.

Салма на шега во емисијата на британскиот водител Греам Нортон рекла дека и нејзиното лице е затегнато бидејќи косата секогаш и е залижана и дека носи реп за да „стегне се“.

Покрај тоа, оваа прекрасна актерка нема проблем да се појави во јавноста без шминка, за разлика од многу други познати личности.