Актерката Салма Хајек на социјалните мрежи сподели фотографија на која изгледа сосема природно.
Се будам и бројам колку побелени влакна и брчки утрово ја уништија забавата“, навела таа во описот.
Во коментарите и порачаа дека нема причина да се чувствува несигурно за нејзината убавина и ја опсипуваа со комплименти.
„Дали се шегуваш? Жено, ти си совршена“, „Природната убавина не се брои со години“, „Никогаш не си била поубава“, „Салма, забавата допрва почнува“, „Ти си убава внатре и надвор“, се дел од реакциите.
Таа еднаш откри која „тајна состојка“ е одговорна за нејзиниот младешки и беспрекорен изглед.
„Јас користам екстракт од кората на дрвото tepezcohuite, кое во Мексико се користи за лекување на изгореници бидејќи целосно ја обновува кожата. Во САД никој не го користи“, изјави таа за магазинот Elle.
Таа додала дека го донела во лабораторија во Америка и дека истражувачите биле изненадени од позитивните резултати.
„Се запрашаа како е можно никој да не го користи. Благодарение на овој екстракт немам потреба од ботокс или филери“, вели таа.