Во песните на легендарниот Здравко Чолич се спомнуваат имињата на бројни жени – Јасмина, Есма, Рушка итн. Но, само една е посветена на вистинска жена.
„Ниту една песна не е за вистинската жена, освен Кристина. Корнелије Ковач ѝ ја посвети таа песна на својата ќерка“, рече тој во едно интервју.
Песната е објавена далечната 1977 година на вториот албум на Здравко наречен „Ако се приближиш“.
Кристина стекна популарност во 1990-тите, кога ја основаше групата К2 со нејзината сестра Александра. Тие ја прекинаа соработката во 1998 година, а Кристина се посвети на компонирањето.
Таа напиша музика за многу реклами и познати џинглови, а соработуваше и со познати изведувачи од Балканот, како Тања Бањанин и Каролина Гочева.
Меѓу другото, таа ја напиша музиката за филмот „Ние не сме ангели 2“, за кој ја отпеа и насловната песна „Што добиваш кога се обложуваат ангелите“.