„САМО ЈАС МОЖАМ ДА СПРЕЧАМ ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА“ Трамп ПРЕДУПРЕДУВА и ветува: Ќе го решам конфликтот во Украина штом дојдам на власт!

Поранешниот шеф на Белата куќа во свој стил

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека за кратко време ќе успее да го реши конфликтот околу Украина доколку победи на изборите , пренесува РИА Новости.

– Ќе го вратиме мирот со сила пред да ја преземам функцијата. „Наскоро откако ќе победиме на изборите, ќе постигнам решение меѓу Русија и Украина “, рече Трамп на христијанската конференција во Тенеси.

Настанот беше емитуван на американските кабелски мрежи.

Како што рече Трамп, само тој може да го спречи избувнувањето на третата светска војна. 

– Многу сме блиску до третата светска војна – рече тој.

Претходно, Владимир Зеленски во интервју за „Фокс њуз“ изрази сомнеж дека Трамп, доколку ја добие битката за позицијата американски лидер, ќе успее да го реши конфликтот околу Украина.