На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден санкционирани се 138 возачи кои направиле прекршоци во областа на сообраќајот. Од нив, 37 за брзо возење.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека изречени се и 19 санкции за возење под дејство на алкохол и 15 мерки за возење без возачка дозвола.