Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден при контроли во областа на сообраќајот на територија на град Скопје изрече вкупно 145 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 72 санкции, четири мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Од МВР информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.