Полициски службеници од СВР Скопје, вчера од 15:00 до 21:00 часот на подрачјето на општина Гази Баба во спроведената акциска контрола во делот на сообраќајот, санкционираа 157 возачи.
Од нив, како што соопшти денеска МВР, 42 за пречекорување на дозволената брзина на движење, 20 мерки се изречени за возење без возачка дозвола, затекнати се три нерегистрирани возила…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедноста во сообраќајот и за посигурни патишта.