Саудијците не прашуваат за пари: МЕСИ СТАНУВА НАЈПЛАТЕНИОТ ИГРАЧ ВО ИСТОРИЈАТА НА ФУДБАЛОТ!? – Од ОВАА БРОЈКА ќе ве БОЛИ ГЛАВА!

Аргентинецот на тој начин би тргнал по стапките на Роналдо кој настапува за Ал Наср

Лионел Меси дефинитивно е вест број еден во светот на фудбалот во последните недели.

Многу контроверзни се информациите поврзани со Аргентинецот, од тоа што тој останува во ПСЖ, односно дека се враќа во Барселона.

Сепак, денеска се појави веста дека саудиски Ал Хилал испратил понуда од 400.000.000 евра за Меси, со што би станал најплатен играч во историјата на фудбалот.

Ова го соопшти познатиот италијански трансфер новинар Фабрицио Романо. 

Доколку Меси ја прифати понудата од Саудијците, би се нашол во истата лига како и Кристијано Роналдо, во спротивно Португалецот игра за Ал Насер, најголемиот ривал на Ал Хилал.

Несомнено е дека тоа би било неверојатна реклама за оваа земја, бидејќи во нивната лига би играле двајца од најголемите играчи во последната деценија.  

Сепак, според Романо, приоритет на Меси е играњето во Европа.

Барселона се уште е во игра, но има проблем со фер-плејот, што е најголемата пречка за Аргентинецот да се врати на Камп Ноу.