Саша Поповиќ дознал за својата болест кога ја скршил ногата: Се пожалил на болки во стомакот, па се открило најлошото
Саша Поповиќ дознал за својата болест кога ја скршил ногата: Се пожалил на болки во стомакот, па се открило најлошото
Александар Саша Поповиќ , основач и креативен директор на Гранд продукција, почина денеска на 70-годишна возраст во болница во Париз.
Трагичната вест ја потврди и Гранд продукција, која излезе со шокантно соопштение.
Како што дознава Телеграф, Поповиќ помалку од една година водел жестока битка со една од најопасните и подмолни болести, ракот на желудникот.
Саша во мај минатата година доживеа незгода со ногата поради која оди на лекар. При прегледот се пожалил на болки во стомакот, а по прегледите било откриено најлошото.

Од тој момент, Поповиќ прави се за да излезе победник од борбата со својот најголем непријател.
Тој се лекуваше во најсовремена клиника во Париз каде по девет месеци борба, денес, 1 март 2025 година, ја загуби најголемата битка во животот.
Погребот на Саша Поповиќ ќе биде извршен во четврток, а времето и местото дополнително ќе бидат објавени.