„Саша Поповиќ ми рече дека личам на кокошка!” Водителката Драгана Катиќ проговори за врската со директорот на ,,Гранд продукција” (фото)

Водителката Драгана Катиќ во емисијата ,,Sceniranja” на ТВ Курир проговори за односот со директорот на Гранд продукција Саша Поповиќ со кој имаше долгогодишна соработка.

За Поповиќ вели дека е строг професионалец кој не ги меша деловниот и приватниот живот и кој се грижи апсолутно за секој детаљ.

-Што се однесува до водителот, тој многу се грижеше како сите се облекуваат. Се сеќавам кога излезе модниот тренд на широки тафт здолништа. Ми се допадна и тогаш беше навистина модерно. Дојдов на снимање во толку широко здолниште. Кога ме виде, излезе од бината и ме праша: Што носиш!? Го прашав: Зошто?

Тој ми возврати:

Па ти си како кокошка, само кокошките не излегуваат, види колку е широко! Ова не е стил за водител на Гранд шоуто. Имаш ли друга облека да се преслечиш?

Му реков: Па ова е модерно сега и е обично.

Тој ми возврати: Премени во тоа обично, а оваа модерна остави ја за друг пат, изјави водителката.

Таа вели дека Попвиќ ги земал предвид и килограмите на водителката:

– Некогаш коментираше алудирајќи на мојата тежина со која понекогаш имам проблем:

„Сега си добра, можеме да го обновиме договорот” шегувајќи се ќе и’ речел Поповиќ.