Саша Поповиќ потврди што се менува во Ѕвездите на Гранд: Голема промена во однос на последната епизода

Креативниот директор на „Гранд“ Саша Поповиќ откри што следува во музичкиот натпревар.

Како што нагласија во самата објава водителките Сања Кужет и Воја Недељковиќ, во сабота ќе пеат дванаесет парови кои ќе се борат да се вратат во натпреварувањето, но ќе добијат и ментор со кој ќе вежбаат пред секој настап.

– Ова е второ бараж шоу, имаме дванаесет млади момчиња и дванаесет девојки кои ќе пеат – рече Воја Недељковиќ.

Поповиќ ги објасни и правилата и додаде дека по оваа емисија ќе започне пеколот и борбата на менторите.

– По оваа емисија ќе добиеме вкупно 64 кандидати, потоа менторот ќе го ,,напаѓа” другиот ментор. Пеколот почнува следната сабота – изјави Саша.