Поранешниот директор на ДБК Сашо Мијалков е вработен како „возач за потребите на затворот“ во струшкиот затвор.
Мијалков веќе 11 месеци е во затвор во Струга. Таа година, во август, почна да ја отслужува тригодишната затворска казна за случајот „Империја“.
„Сашо Мијалков се уште ја издржува затворската казна во предметната установа, но не бил ангажиран како вработен надвор од установата, туку е ангажиран во казнено-поправната установа за негови потреби како возач, работа која и во други казнено-поправни домови зависи од потребите, може да им биде доделена на осудени лица кои имаат отворен третман во процесот на ресоцијализација“.