Добро е што се одржа лидерска средба и што започна дијалогот кој треба да продолжи, затоа што стратешката цел членство во ЕУ можеме да ја спроведеме сите заедно само со компромис, порача денеска во гостување во вестите на Канал 5, заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.
„Нашата подадена рака не значи дека ние се бориме за самите себе, тука дека ни е најважна европската иднина на државата, а личните рејтинзи не треба да ни бидат на пиедестал. Пет од десетте министерски места на СДСМ ги понудивме на опозицијата, нашиот став е конзистентен, а од другата страна имаме разнолики ставови. Имаме формирано работна група и ДПМНЕ треба да се приклучи, затоа што самите кажаа дека се за уставни измени и со тоа потврдија дека овој парламентарен состав има мандат да спроведе уставни измени“ порача Лукаревска.
Со условувања, додаде Лукаревска, не можеме да одиме никаде, ни треба дијалог и компромис да ја споделиме одговорноста во овој процес и да ја обезбедиме европската иднина.
СООПШТЕНИЕ – Центар за комуникации со јавноста на СДСМ.