Светот беше шокиран од страшната смрт на поранешниот играч на Динамо Москва: Возел со брзина од над 200 км/ч (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на московските клубови Спартак, Химки и Динамо, Александар Карјакин (32) по сообраќајната несреќа бил пренесен во болница, но таму им подлегнал на страшните повреди здобиени во несреќата.

Според руските медиуми, Александар Карјакин загинал во улични трки. Несреќата се случила на 12 мај во ноќните часови.

Возилото ,,Нисан” на поранешниот фудбалер удрил во заштитна ограда и сред страшниот удар неколку пати се свртел.

Локалните медиуми шпекулираат дека Карјакин возел речиси 200 километри на час, а тоа го потврдиле и некои од очевидците.

„Два спортски автомобили се тркаа, но патот беше исклучително лизгав по обилните дождови. Возеше најмалку 200км на час и удри во заштитната ограда“, изјави еден од очевидците на трагедијата.