СВЕТОТ БРУИ ЗА ПОТЕГОТ НА ГОЛЕМИОТ МУРИЊО! Португалецот го зеде медалот, се приближи до трибините и направи потег за кој долго ќе се зборува!

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо покажа човечка големина по болниот пораз во финалето на Лига Европа.

Неговата Рома беше поразена во финалето во Будимпешта по изведување пенали и беше исклучително тешко за Португалецот.

Веднаш по крајот на натпреварот тој замина во соблекувалната, но подоцна се врати на теренот за да го прими медалот и да му ја честита победата на својот ривал.

Кога го доби утешниот медал, Мурињо направи гест кој ги воодушеви фудбалските фанови ширум светот.

Момче го викаше од трибините, Португалецот го забележа кога одеше кон тунелот и му пријде.

Момчето сакало автограм од својот идол, а добил подарок кој ќе го чува до крајот на животот.

Имено, Португалецот му го подари својот медал на млад навивач на Рома и за тоа доби невидени овации.