Светот е во шок! Вештачката интелигенција ќе почне да размислува како човек

Истражувачите на OpenAI тврдат дека се блиску до создавање вештачка интелигенција која може да размислува како човек.

Според најновите информации од OpenAI ,  технологијата за вештачка интелигенција е многу блиску до тоа да може да решава проблеми како што тоа го прават луѓето.

Ова би можело значително да го промени правецот на развој на вештачката интелигенција, бидејќи експертите долго дебатираа дали денешните модели со вештачка интелигенција, познати по генерирање текст и слики, некогаш можат да го достигнат нивото на флексибилност и адаптација на човечкиот мозок.

OpenAI дефинираше пет нивоа на развој на вештачка општа интелигенција (AGI).

Во моментов, системите за вештачка интелигенција на OpenAI работат на прво ниво, кое вклучува основни разговорни чат-ботови.

Сепак, компанијата смета дека е на прагот да го достигне второто ниво, кое би вклучувало и решавање на сложени проблеми на човечко ниво.

Еден од проектите, со кодно име „Strawberry“, има за цел да развие вештачка интелигенција која може да размислува, планира и решава проблеми преку повеќе чекори, слични на човечкото размислување. 

Овој проект е најновата верзија на претходниот напор познат како „Q*“.

 

Мисијата на OpenAI е да се погрижи најновата технологија да биде од корист за целото човештво. 

Но, останува нејасно колку нивните идеи ќе бидат остварливи. Сепак, компанијата и нејзините клучни конкуренти продолжуваат да инвестираат милијарди долари во развојот на технологијата што може да го промени светот.