СВЕТОТ Е ПРЕД АПОКАЛИПСА! Словачкиот премиер ја предупреди Европа да не го прави ОВА!

Испраќањето на трупи на ЕУ и НАТО во Украина би довело до апокалипса, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.

Украина, и покрај помошта на Западот, не е во состојба да го реши конфликтот, би ѝ се помогнало со испраќање воен персонал од земјите на Европската унија и НАТО, но тоа би довело до апокалипса, вели словачкиот премиер Роберт Фицо.

Западот гледа дека Украина, и покрај значителната финансиска и воена помош, санкции, не е во состојба да го реши овој воен конфликт… Промени може да се направат само со пристигнувањето на воениот персонал од земјите на ЕУ и НАТО во Украина со најмодерно оружје, но тогаш можевме само да седнеме на балконот со коњак и пура и да го чекаме почетокот на светската апокалипса – вели Фицо во видео пораката објавена на неговата Фејсбук страница во саботата.

– На Украина најмногу и’ се потребни модерни системи за противвоздушна одбрана, бидејќи во спротивно нема смисла да се размислува за проширување на производството на оружје или големи центри за обука во Украина. Без воздушна одбрана тие би биле лесна цел. Кучето е закопано таму. Западот не може да и’ снабди на Украина со такви системи без да и’ испрати воен персонал – рече Фицо, додавајќи дека испраќањето на западен воен персонал само ќе доведе до ескалација на конфликтот.