Светот одговори на повикот! По разорниот земјотрес во Мјанмар почна да пристигнува хуманитарна помош од странство! Најновите слики ја замрзнуваат крвта во вените! (ФОТО)

Странски спасувачки тимови почнаа денеска да пристигнуваат во Мјанмар за да помогнат во потрагата по преживеани од земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала во кој загинаа повеќе од 1.000 луѓе.

Воената влада денеска објави дека бројот на загинати се искачи на 1.002 од 144 претходно објавени во прорежимските медиуми.

Според Ројтерс, во соседниот Тајланд, кој исто така го почувствува земјотресот, најмалку девет лица загинаа при уривање на облакодер во изградба во Бангкок, а 49 се водат како исчезнати.

x06 EPA Rungroj Yongrit.jpg

Американскиот геолошки институт проценува дека бројот на загинати во Мјанмар може да надмине 10.000, а материјалната штета би можела да биде поголема од годишното економско производство на земјата.

Земјотресот оштети патишта, мостови и згради во Мјанмар, соопшти воената хунта, а нејзиниот врховен генерал вчера апелираше за меѓународна помош, што инаку е ретко.

„Во моментот се водат операции за пребарување и спасување во погодените области“, соопшти денеска хунтата.

Кинески спасувачки тим пристигна во поранешната престолнина Јангон, стотици километри оддалечена од тешко погодените градови Мандалеј и Најпидау,, кој моментално е главен град.

Русија, Индија, Малезија и Сингапур испратија авиони полни со хуманитарна помош и персонал во Мјанмар, кој беше растргнат од граѓанската војна по воениот удар во 2021 година, кога беше соборена цивилната влада.

„Ќе продолжиме да го следиме развојот на настаните и ќе следи поголема помош“, рече индискиот министер за надворешни работи Субрахмањам Џаишанкар.

x04 EPA Nyein Chan Naing.jpg

Јужна Кореја соопшти дека ќе обезбеди хуманитарна помош во Мјанмар во износ од два милиони долари преку меѓународни организации.

Дури и САД, кои ги заострија односите со војската на Мјанмар и ги санкционираа нејзините функционери, вклучително и шефот на хунтата Мин Аунг Хлаинг, посочија дека ќе пружат одредена помош.

Во Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар, жителите и спасувачите сè уште се борат да ги извлечат луѓето од урнати згради.

Откако другите жители го извлекле од под ѕидот, Хтет Мин О, 25, рече дека се обидел да се извлече и да ги расчисти урнатините за да ги спаси баба му и двајцата чичковци – но на крајот се откажал.

– Не знам дали се уште се живи под урнатините. После толку време, мислам дека нема надеж“, изјави тој за Ројтерс, скршејќи се во солзи.

Во Бангкок, на 1.000 километри од епицентарот, денеска спасувачката мисија ги засили напорите за пронаоѓање на градежни работници заробени под урнатините на урнатиот облакодер од 33 ката во изградба.

Спасувачите користат багери, беспилотни летала и кучиња трагачи и спасувачи за да извлечат 30 затрупани луѓе, меѓу кои најмалку 15 кои сè уште даваат знаци на живот.

– Ќе направиме сè, нема да се откажеме од спасувањето животи, ќе ги искористиме сите ресурси – изјави гувернерот на Бангкок, Чадчарт Ситипунт.

Стотици луѓе ја поминаа ноќта во паркови.