Светот секоја деценија се загрева за рекордни 0,2 степени Целзиусови

За речиси една деценија, од 2013 до 2022 година, светот се загреал за загрижувачки 0.2 степени Целизуисови, што се смета за незапамтено затоплување откако се вршат официјални мерења.

Во овој период просечното годишно загадување со јаглероден диоскид изнесувало рекордни 54 милијарди тони.

Аларм пред КОП28

Податоците од новиот извештај за климатските промени ќе им биде доставен на претставниците на земјите потписнички на Рамковната конвенција за климатски промени на Обединетите нации.

Целта на документот е да биде аларм за креаторите на политики пред одржувањето на климатскиот самит КОП28 годинава во Дубаи.

Според авторите, горната граница од зголемување на затоплувањето од над 1.5 од пред индустриското време, може да биде надмината веќе во наредните неколку години. Експертите сметаат дека со растот на температурите ќе бидат предизвикани катастрофални последици врз животот на планетата.

Годинешниот самит треба да ги разгледа извештаите за постигнатиот или недостигот на напредок од Парискиот климатски договор од 2015 година, со кој беа предвидени неколку клучни принципи, меѓу кои намалување на испуштањето ЦО2 и други стакленички гасови кои ја затоплуваат планетата.

За да се исполнат климатските цели од договорот неопходно е да се држи загадувањето со стакленичките гасови под 250 милијарди тони. Така се очекува за 50% да се зголемат шансите за избегнување на сценариото од зголемување на температурите од горната граница од 1.5 степени.

Секое сценарио под ова ниво на загадување, на пример ограничено на 150 или 100 милијарди тони стакленички гасови драстично ги зголемува шансите за остварување на најповолните климатски сценарија, особено ако јаглеродниот диоксид се намали за 40% до крајот на оваа деценија.

Според Валери Масон Делмот, една од авторките на извештајот, состојбата треба да биде алармантна за тие што носат одлуки за иднината, но и дека постојат докази за намален раст на количеството на стакленички гасови во атмосферата.

„Темпото и обемот на климатските активности сепак, не се доволни за да се ограничи зголемувањето на ризиците поврзани со климата“, предупреди таа.

Топлотните бранови се опасна закана

Научниците исто така објавија зачудувачки пораст на температурата на копнените површини, освен на океаните, од 2000 година наваму.

„Просечните максимални годишни температури на копното се зголемија за повеќе од половина Целзиусов степен во последните десет години (1,72 степени над прединдустриските услови) во споредба со првата деценија од милениумот (1,22 степени)“, се наведува во студијата.

Подолгите и поинтензивни топлотни бранови ќе бидат опасна закана по животот во наредните децении во големи делови од Јужна и Југоисточна Азија и во екваторијалните региони на Африка и Латинска Америка, покажува новото истражување.

Ведро небо, повисоки температури

Иронично, една од најголемите климатски успешни приказни во изминатата деценија ненамерно го забрза темпото на глобалното затоплување, покажуваат новите податоци.

Употребата на јагленот, кој значително повеќе загадува при производство на електрична енергија од нафтата или гасот, постепено се намалува, што позитивно влијае и на нивото на ЦО2. Но, со намалувањето на загадувањето се зголемува и интезитетот на сончевите зраци кои допираат од Земјата и нејзината заштита.

Загадувањето со честички од сите извори го ублажува затоплувањето за околу половина Целзиусов степен, што значи дека, барем на краток рок, повеќе топлина ќе стигне до површината на планетата бидејќи воздухот е прочистен.

ТРТ БАЛКАН