СВЕТОТ СЛЕДИ ВО ЖИВО! ДЕАКТИВИРАН САТЕЛИТ НА НАСА САМО ШТО НЕ ПАДНАЛ НА ЗЕМЈАТА: Армијата на САД го крие точното место на падот (ВИДЕО)
Американската вселенска агенција НАСА објави дека нејзиното деактивирано вселенско летало познато како Реси ќе се пробие низ атмосферата вечерва или во текот на претстојната ноќ.
Движењето на сателитот над Земјата можете да го следите во живо на социјалните мрежи, а НАСА и Министерството за одбрана на САД нагласија дека точната локација каде ќе падне не може да се открие.
Сепак, експертите тврдат дека има мали шанси стариот сателит да претставува некаква опасност.
Поголемиот дел од сателитот тежок 300 килограми се очекува да изгори додека се движи низ горната атмосфера, но некои делови сепак се очекува да паднат на Земјата. Вселенската агенција НАСА соопшти дека ризикот некој на површината да биде повреден од паѓање на делови од сателитот е „низок“ и изнесува еден на 2.467.
За време на својата работа, сателитот снимил повеќе од 100.000 сончеви настани
Реси (кратенка од Реувен Рамати Сончевиот спектроскопски сликар со висока енергија) отиде во орбитата во 2002 година за да го проучува Сонцето.
Пред да биде затворен во 2018 година поради проблеми во комуникацијата, забележал сончеви блесоци и коронални масовни исфрлања од Сонцето. Снимаше слики користејќи високоенергетски рендгенски зраци и гама зраци, снимајќи повеќе од 100.000 сончеви настани.