Светски ден на мултипла склероза: Бројот на погодени се зголемува

Речиси 3 милиони луѓе низ светот страдаат од невролошкото заболувања наречено мултипла склероза или скратено МС кое го погодува централниот нервен систем. Бројот на заболени постојано расте во последните десет години.

МС е воспалителна состојба предизвикана е од оштетување на миелинот – масен материјал кој ги изолира нервите. Губењето на миелинот влијае на начинот на кој нервите ги спроведуваат електричните импулси до и од мозокот.

Дел од симптомите се проблеми со меморијата и замор, ослабување на екстремитетите, заматен и попречен вид, чувство на пецкање и нестабилност. Ова нарушување не се лекува, но постојат повеќе видови третмани кои ја подобруваат состојбата на пациентите.

Најчесто се дијагностицира на возраст од 20 до 40 години, а за дури три пати повеќе е присутна кај жените отколку кај мажите.

Највисока годишна преваленца од болеста има во Германија од речиси 300, а потоа следат САД, Канада, Норвешка и Исланд. Во поглед на наследноста се смета дека шансите да се добие се од 2.5 до 5% кај членовите од првиот ред на семејството.

Поврзување на погодените

Мотото на 30 мај како светски ден на мултипла склероза годинава како и во последните три е „Поврзување”, како на пациентите кои може да бидат жртва на исклученост, како и поврзување на организациите и заедниците за поддршка.

Затоа, Меѓународната федерација на мултипла склероза, која го организира одбележувањето на светскиот ден, апелира да се обрне поголемо внимание на социјалните последици како и подобра грижа и услуги за пациентите со МС.

Исто така преку јавните кампањи се подигнува свесноста за препознавање на клучните симптоми на МС и нејзино рано детектирање, како и поттикнување на поголеми донации во истражувачките центри кои работат на откривање лек и третмани за ублажување на болеста.

ТРТ БАЛКАН