Светскиот ден на спиењето служи како потсетик на важноста на здравите навики на спиење и има за цел подигнување на свеста за негативните влијанија на пореметувањето на спиењето врз медицинските, образовните и општествените аспекти од животот.
Одбележувањето на Светскиот ден на спиењето започна во 2008 година, со цел подигнување на свеста за тоа дека сонот на современиот човек често го нарушуваат навиките на современиот живот. Светското друштво за спиење (WSS – World Sleep Society) е идејниот зачетник на одбележувањето на овој ден.
Проблемите со спиењето се дел од глобалната епидемија која влијае на нарушеното здравје и квалитет на животот до 45 отсто од светската популација.
Светскиот ден на спиењето се одбележа и во Вроцлав во Полска. Посетителите на кафулето „Da Vinci Power Nap” имаат прилика покрај кофеинското уживање имаат можност да отспијат во чаршафите на таванот. Целта е луѓето да се опуштат во ова кафуле, за што е подготвена и посебна музика и мирис во овие соби.
Првото кафуле од овој вид го направи дизајнерката и научник Магдалена Фелцек во 2018 година.
Името го доби според светски познатиот уметник Леонардо Да Винчи, кој беше познат по тоа што спиеше неколку часи навечер и практикуваше 20 минути спиење на секои четири часа во текот на денот.
Светскиот ден на спиењето служи како потсетик на важноста на здравите навики на спиење и и ма за цел подигнување на свеста за негативните влијанија на пореметувањето на спиењето врз медицинските, образовните и општествените аспекти од животот.