Свештеник осуден за злоставување деца: Нему му е забрането да се приближува до училиштата и мора да плати висока казна

– Поранешниот свештеник од областа Милано, Емануеле Темпеста, денеска е осуден на шест и пол години затвор поради сексуално злоставување малолетници, јавува Анса.

Темпеста првично беше уапсен во 2021 година, а државниот обвинител Мартина Мелита побара 11-годишна затворска казна.

На поранешниот свештеник му е забрането да престојува во близина на училишта и места каде што се наоѓаат малолетници, а обврзан е да плати и отштета за 20 повредени лица од 750 до 2.000 евра.

Според обвинението, злоупотребата се случила во домот на свештеникот каде што децата биле поканети да играат видео игри или да разговараат.

Во претистражната постапка беа сослушани малолетниците кои во моментот на злоставувањето биле на возраст од 7 до 11 години.

Темпеста ги негира обвинувањата, а Анса вели дека се очекува да поднесе жалба на пресудата.