Свештеник пие алкохол и се снима за ТикТок! Видеото ја налути јавноста: Кој му дозволи, ова е срамота (ВИДЕО)

Томислав Лукач, попознат како „свештеникот од ТикТок“, секојдневно на социјалните мрежи објавува свои видеа во кои го проповеда христијанскиот живот и советува како да се води на вистинскиот пат.

Имено, тој споделува и видеа од неговите предавања во кои, на пример, чита делови од свети книги.

Така, во една прилика сподели прилично необично видео во кое пие алкохол, а потоа наздравува со своите следбеници.

„Нова година, некои ја слават повеќе, а некои помалку… Во секој случај, важно е да се забавувате со вашето друштво, се разбира на вистински начин… Затоа што често слушаме: Нека е подобра од старата… Но да бидеме реални, нема многу да се смени…секогаш ќе има војни,секогаш ќе има болести…Но има едно нешто што може да се промени-тоа е моето и твоето срце. На пример јас секогаш ќе станам на првиот аларм, ќе ги посетам баба ми и дедо ми, редовно ќе одам на света миса.. Среќна Нова Година!“

Видеото потоа предизвика лавина од коментари:

„Кој дозволи да го снимаат вака, ова е страшно и срамно“, „Нема долго да биде свештеник, боже, прости му…“