СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лицата кои деновиве преку телефонски јавувања со граѓани од Охрид, лажно претставувајќи се вршат измама за сообраќајни незгоди во кои се сомнева дека жртви или тешко повредени се членови на нивните семејства или други роднини. .
„Со ова создаваат голема вознемиреност кај граѓаните, а целта на овие измами е да се изнудат пари за наводна помош во понатамошната постапка.
Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на вакви повици и веднаш да се пријават на бесплатниот број 112 или лично во најблиската полициска станица“, велат од СВР Охрид.