Четиригодишно дете утрово почина на Детското одделение во Струшката болница, соопшти денеска Секторот за внатрешни работи Охрид.
Според информации, случајот во полиција бил пријавен околу 09:50 часот од медицинскиот персонал на струшката општа болница.
„Медицински персонал од Општата болница во Струга е известен дека на Детското одделение во болницата било донесено четиригодишно дете од Струга, кое извесно време било во тешка здравствена состојба. И покрај итната лекарска помош тој почина“, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Надлежните додаваат дека полицијата во координација со јавен обвинител презема мерки за целосно расчистување на случајот.