СДСМ бара оставка од министерката Гордана Димитриевска Кочоска поради навреди кон пратеничката Славјанка Петровска

Оставка од министерката за финансии Гордана Димитровска Кочоска побара СДСМ поради навреди кон пратеничката Славјанка Петровска на вчерашната владина седница во Собранието.

На прес-конференцијата пред Министерството за финансии, пратеничката Јованка Тренчевска истакна дека зборовите искажани од министерот не се навреда само за Петровска, туку за секоја жена и маж кој некогаш бил дискриминиран, омаловажуван или навреден.

„Кога министер во оваа земја ќе се осмели да каже дека жената не може да зборува за семејството само затоа што нема деца, тогаш ова не е само навреда. Тоа е напад на достоинството на сите нас, тоа е ароганција, тоа е дискриминација, тоа е нехумано. Кочоска и ДПМНЕ наместо да се извинат и да ја признаат грешката, продолжија со нападите кон Славјанка Петровска. Наместо да покажат барем малку почит и да побараат човечко извинување, тие решија уште повеќе да ја нападнат Славјанка, обвинувајќи ја дека ја глуми жртвата“, нагласи Тренчевска.

Од СДСМ истакнаа дека владејачката партија и министерството не ги разбираат вредностите на современото општество и болката од ваквото однесување, не признаваат грешки, бегаат од одговорност и наместо насилникот ја обвинуваат жртвата. Забелешки дава и за однесувањето на потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска.