СДСМ реагираше по именувањето на Коце Трајановски за директор на Јавното претпријатие за државни патишта. Од СДСМ велат дека со оваа одлука Владата се движи кон 2016 година.
„ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот кој го направи најголемиот градежен криминал во историјата на државата, проектот Скопје 2014, му се даваат 600 милиони евра и овластувања да раководи со најголемите инфраструктурни и градежни проекти.
„Воедно, Коце Трајановски е косопственик и управител на фирмата Косистеми ДОО чија дејност опфаќа и градежништво. Ова е најава за масовна корупција во ова претпријатие“.
„Ова не е промена, туку пресврт. Граѓаните не гласаа за враќање назад, туку за промена која воопшто не се случува и нема веројатност да се случи“, велат од СДСМ.