СДСМ ги избра потпретседателот и новиот состав на Централниот совет

За потпретседател на СДСМ е избрана Фани Каранфилова Пановска. Таа доаѓа на местото на Сања Лукаревска, која поднесе оставка од функцијата по изборниот пораз во мај.

Фани Каранфилова Пановска е поранешен директор на Фондацијата „Отворено општество“.

На 30. Конгрес беше избран и новиот состав на Централниот совет на СДСМ.

Според СДСМ, новиот Централен совет е составен од поединци кои се почитувани во своите заедници, кои знаат да го почитуваат членството и граѓаните и кои ќе работат во нивен интерес.

„Внесуваме нова енергија во нашите редови. Ги отвораме вратите за секој што е близок до социјалдемократските идеи и вредности“ – велат од СДСМ, јавно објавувајќи го списокот од 113 членови на Централниот совет.