На седница на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз, за нов директор на партискиот Центар за истражување и анализа (ЦИА), избран е Јон Фрчкоски, синот на актуелниот амбасадор на земјава во ООН во оставка, Љубомир Фрчкоски.
Седницата на Централниот одбор се одржала онлајн, без физичко присуство на членовите на партиското тело, јавува „Слободен печат“ повикувајќи се на извори од СДСМ.
Функцијата директор на Центарот за истражување и анализа на СДСМ порано ја извршуваше Стефан Богоев, пред да замини на функцијата директор на Царинска Управа на РСМ, а него на чело на ЦИА го замени малку познатиот во јавноста, Милош Јованов.
Инаку, Фрчкоски фигурираше како кандидат за нов шеф на кабинетот на партискиот лидер, Венко Филипче, но на крајот заврши на чело на ЦИА.