СДСМ го одржува 29-от Конгрес, ќе се анализира изборниот резултат

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ќе го одржи 29. Конгрес на кој ќе се анализираат изборните резултати.

Актуелниот претседател на партијата Димитар Ковачевски по поразот на изборите во Извршниот совет на партијата и официјално поднесе оставка од претседателството на партијата и побара Конгрес и организирање на внатрешни избори во партијата.

Во меѓувреме, на 6 јуни заврши рокот за кандидат за претседател на СДСМ и се појавија Славјанка Петровска, Венко Филипче, Јован Деспотовски и Александар Бајдевски.

Внатрешните избори ќе се одржат на 30 јуни, а право на глас имаат пратениците од СДСМ.