Мерките за замрзнување на цените на СДСМ дадоа резултати, велат од оваа партија.
„Цените на стотина основни прехранбени производи се намалени со „гарантирани цени“, што е 10 отсто од цената по која се продаваа на 1 август годинава.
За дел од производите кои од август до сега поскапеа исклучително, цената е намалена и до 40%.
Сега граѓаните по пониска цена купуваат леб, млеко, млечни производи, месо, млеко, зеленчук, ориз и многу други прехранбени производи, што поволно се одразува на семејните буџети“, се вели во нивното соопштение.
Појаснуваат дека на производите од 25 категории кои имаат „загарантирана цена“ со намалени цени ќе им се додаваат пијалоци.