Владата подготвува историски удар за пензионерите, со неодамнешната одлука за линеарно зголемување на пензиите за 1.000 денари, нагласуваат од СДСМ.
Од СДСМ велат дека пензионерите ќе бидат оштетени двапати со оваа одлука, со овој грабеж, еднаш во септември и еднаш во март следната година.
„Денес ќе ја презентираме целосната пресметка и фактите за да разберат пензионерите во земјата за каква манипулација станува збор.“
Според сегашниот закон донесен од страна на СДСМ, пензиите се прилагодуваат двапати годишно, во март и септември, врз основа на зголемувањето на платите и трошоците за живот. Доколку владата не го сменеше законот и не го спроведеше прилагодувањето, пензиите во септември ќе се покачеа за околу 5%.
Што значи ова?
За пензија од 20.000 денари, зголемувањето ќе беше 1.000 денари, исто како и сега со линеарното зголемување.
Но за пензија од 25.000 денари, пензионерите би добивале 1.250 денари, а со новото решение добиваат помалку, само 1.000 денари. За пензија од 30.000 денари, наместо 1.500 денари, добиваат помалку. За пензија од 40.000 денари, наместо 2.000 денари, повторно добиваат половина од износот, само 1.000“, велат од СДСМ.
Тие велат дека според нивните пресметки, неверојатни 92,5% од пензионерите, или над 318.000 луѓе, се оштетени од ова линеарно зголемување и ќе добиваат помалку отколку што им следува според законот.