СДСМ: Ковачевски овозможи помали сметки, пензии и повисоки плати

Претседавачот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски сведочеше што значи вистинска грижа за сите граѓани во време на здравствена, економска и енергетска криза. Со одговорен и домашен пристап обезбеди помали сметки, пензии и поголеми плати, велат од СДСМ.

„Просечната плата во земјава за пет години е зголемена за 44 отсто и достигна 34.364 денари. Минималната плата помала од 9.000 денари во 2017 година достигна износ од 20.175 денари. Сите 330.000 пензионери од овој месец ќе земаат пензии зголемени за 8,4 отсто, додека во септември ги очекува ново усогласување на пензиите. Истовремено, Владата предводена од претседателот Ковачевски, со замрзнување на цените на лебот, тестенините, млекото и млечните производи, ги намали сметките за домаќинствата и направи олеснувања за семејните буџети. Со субвенционирање на 80 отсто од сметките за струја, домаќинствата плаќаат само 20 отсто од потрошената струја, се вели во соопштението на СДСМ.