СДСМ: Македонија е ценет НАТО сојузник и фактор на стабилност на Балканот

Одржувањето на средбата на лидерите на земјите од НАТО во Скопје е потврда дека нашата земја е ценета од НАТО, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Одржувањето на неформалниот состанок на лидерите на земјите членки на НАТО од регионот е уште една потврда дека нашата земја е препознаена како ценет НАТО сојузник и фактор на стабилност на Западен Балкан.

Безбедносната стабилност носи економски просперитет. Странските инвеститори ја препознаваат Македонија како безбедно место за инвестирање, кое обезбедува подобри работни места за нашите граѓани, повисоки плати и зголемен животен стандард.

СДСМ со храбри и одлучни одлуки ја внесе државата во НАТО.

Продолжуваме да работиме брзо и посветено до целосна интеграција во Европската Унија, како што направивме со НАТО“, велат од СДСМ.

Продолжувањето на европскиот пат, додаваат оттаму, сега зависи само и само од нас и од одлуките што ќе се носат во собранието.